Измерени рекордни минус 62 степени Целзиусови во Ојмакјон

0
498

Ојмакјон е сибирско село кое се смета за најстуденото населено место во светот. Оваа година го достигна рекордот.

Вообичаените зимски температури во Ојмакјон се движат од -40 до -50 степени Целзиусови. Оваа година зимата е посебно сурова, а температурата се спуштила на рекордни -62 степени.Некои жители, пак, тврдат дека температурата се спуштила до минус 68 степени.Официјално најниската температура досега од минус 68 степени Целзиусови е измерена во 1933 година во метеоролошката станица „Томтор“.

makfax.com.mk