Израел со анти-ракетниот систем ја штити „Евровизија“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Израелската војска го активирала анти-ракетниот систем во пресрет на првата вечер од евровизискиот фестивал, којa се одржа синоќа  во Тел Авив.

Израелските безбедносни сили го подтотвиле системот наречен „Ајрон доум“ ширум целата земја. Токму овој систем беше искористен со максимален капацитет, кога на 4 мај, Хамас од Газа истрела 690 ракети кон Израел. Во овие напади загинаа четири лица. Два дена подоцна, двете страни договорија прекин на огнот.

Израелските сили по овие настани информираа дека анти-ракетниот систем бил 86 отсто ефективен за време на нападите од Хамас, со што, како што пренесуваат медиумите, сакале да ја уверат јавноста дека тактиката на противникот немала висока ефективност.

Второто полуфинале е в четврток, а финалето е закажано за во сабота, 18 мај.

Share.