ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ СО СВОЈА МОНОДРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО БИТОЛА

На Фестивалот на монодрама  беше изведена претставата „ Свиреж-мајка ми беше секретарка на Менгеле“. Се работи за независен проект од Камери театар Тел Авив, Израел. Претставата се одигра на сцената под ротација на Народниот театар. Истата е работена по автобиографскиот текст на Јакоб Бучан, адаптација Хадар Галрон, режија Хана Вазана-Гринвалд, актер Хадар Галрон.

Тами, единственото преживеано дете од Аушвиц, на 45 годишна возраст открива дека сеуште не почнала да живее. Ова запрепастувачко откритие и станува јасно преку еден странец, кој одеднаш влегува во нејзиниот живот и ги отвора заклучените врати на нејзината душа. Тами чувствува дека ова е нејзината “последна шанса”, но дали е способна да љуби како што сонува? Од кого треба да побара дозвола? Дали може да верува дека заслужува љубов?

Оваа монодрама ја носи болката на втората генерација преживеани и ги открива невидливите рани од Холокаустот, преку човечка приказна за жена која се бори за нејзиното природно право да се радува, живее, љуби.