Израел ја бомбардира куќата на водачот на Хамас

 

Израел ноќеска го бомбардираше домот на лидерот на Хамас за Газа, Јахја Синвари, а групата одговори со ракетни напади врз Тел Авив.

Најмалку тројца Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз енклавата, соопштија тамошните здравствени власти, а голем број жители се повредени. Во текот на ноќта, звукот на бомбардирање одекнуваше низ Газа, пренесува Ројтерс.

И дел од Израелците во Тел Авив и неговите предградија ја поминаа ноќта во засолништа поради ракетните напади од Газа. Околу 10 лица биле повредени додека бегале во засолништата.

Најмалку 148 лица, од кои 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот. Израел пријави десет смртни случаи, од кои две деца.

Појасот Газа се очекува денеска да остане без гориво за својата електрична централа, објавија израелските власти.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжат жестоко да одговараат на ракетните напади од Газа, откако крвавиот конфликт влезе во седмиот ден. Во денешните напади загинаа три лица во Газа, објавија здравствените служби, додека палестинските милитантни групи испукаа ракети кон Тел Авив.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со Нетанјаху и со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, за да ја изрази својата загриженост за ситуацијата, а денеска на оваа тема ќе заседава Советот за безбедност на Обединети нации.

Од почетокот на борбите во понеделникот загинаа 153 луѓе во Газа, од кои 42 деца, додека Израел потврди десет мртви.

 

Сподели