ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА ЗАКАЖА ВОНРЕДНА, А ДОБИЛА БАРАЊЕ И ЗА РЕДОВНА СЕДНИЦА

За утре претседателката на Советот, Габриела Илиевска закажа седница на советот на Општина Битола, вонредна како што беше побарано.

„За утре согласно член 53 од деловникот за работа на Советот на Општина Битола каде јасно стои дека вонредна седница може да закаже претседателот на Совет или една третина од советниците во Советот. Закажана е вонредна седница по барање на администрацијата на три точки кои се повикуваат на итност и истата ќе биде одржана утре бидејќи едниот повик за којшто тие се прогласуваат за итни завршува на 18 мај“, рече претседателката на Совет. Габриела Илиевска. 

Ова е вонредна седница, што е со наредната редовна?

„ До мене е стигнат допис, односно барање од советници да се закажи редовна седница, според деловникот за работа на Советот на Општина Битола во рок од 15 дена истата треба да биди закажана“, рече Илиевска.