Откако беше потпишан договорот во Владата на Македонија, меѓу министерката за култура и градоначалникот на Битола за средства за реконструкција на поранешниот објект „Парк“, градоначалникот на Битола, од пред објектот побара свикување седница на Советот на Општина Битола, зарaди потребата од усвојување на точки поврзани со овој објект, но и со велосипедските патеки.
За тоа каков е ставот на СДСМ и дали ќе биде свикана седница, односно кои се нивните информации побаравме одговор од советникот и координатор на СДСМ, Методија Илиевски, кој ни напиша дека денеска очекуваат утврдување на датум за одржување на седницата која ја побара Коњановски.
„Немам исконтактирано со колегите. Во текот на утрешниот ден ( денешниот ден ) би требало да биде утврден денот на одржување на седницата“ рече синоќа Илиевски.












