И тој беше кандидат, но листата на СДСМ не освои доволно гласови за да може да биде пратеник. По изборите со фејзбук статус, како некои други тој не се огаси, а на првата наредна седница на Советот која беше минатата недела им честиташе на избраните пратеници.

„Најнапред пред што и да кажам, сакам да им ја честитам победата на ВМРО ДПМНЕ во Битола, сакам да им искажам успешен мандат на пратениците кои ќе ја претставуваат Битола, без разлика на нивната политичка определба. Се надевам дека тие ќе работат пред се за интересите на нашите сограѓани“ рече Илиевски.
Политички коректна честитка. Го потсетивме и прашавме на предизбориете кога политички се препукуваа со Милевски. Имавме конкретно прашање за него дали му честиташе на Пеце Милевски кој тогаш жестоко политички реагираше на изјава на Илиевски „ние двајца вие цела листа да ја наполните со битолчани ќе ве победиме“.
„Ја кажав јас пред да започнеме на дискутираме, значи искрена честитка до сите избрани кандидати за пратеници“ рече тој.

Пред седницата слушнавме како советници меѓу себе се прашуваа дали Илиевски ќе се повлече од Советот.
„Јас имам полн мандат, легитимитет од граѓаните на Битола да работам за ниво добро. Со честитката која ја испратив, сакам да кажам дека тука пред се се работи за локална политика и нема да доволам било какви теми и тези, или било кој да дозволи извртување од проблемите на нашите сограѓани. Мислам дека доволно се изнаслушаа битолчани централни политики, време е да се вратиме на локалната полика“ вели советникот од СДСМ.

На таа седница пред изборите беше коректен и ја одмолчи за да не влијае на изборниот процес ,односно да велат дека преку Советот сака да ќари политички поени за кандидатурата.
„Јас џентлменски настапувам во моето цело политичко делување, како во овој момент кога во случајот не влегов во парламентот, така и во периодот кога сум станувал во неколку мандати советник, така што најдостоинствено пред се треба да ја работиме својата работа, бидејќи тука не застанува животот, тука не застанува се, продолжуваме понатаму“ вели тој.

Го прашавме дали грешно прочитавме или е дезинформација дека сака да биде лидер на битолската СДСМ.
„СДСМ се наоѓа пред големи реформи, пред се на централно ниво, потоа сигурно ќе биде и на локално ниво. Јас сум член веќе дваесетина години во социјалдемократскиот сојуз, не можам да кажам дека имам некаква посебна амбиција во овој период, да видиме прво како ќе се одвиваат настаните, како ќе се реформира нашата партија, како ќе се одвиваат сите тие процеси, па потоа мислам дека ќе треба да седнеме ние во СДСМ во Битола и да одбереме кое е најдоброто, не за мене, туку за нашата партија“ објаснува Илиевски.
Една од темите која му се провлекува во неговиот сегашен и претходен мандат е базенот во училиштетот „Даме Груеев“ кој тој го најави, а се уште не е готов. Сега ќе остане обврска на новата Влада, па оттука и прашањето дали неговиот политички опонент во Советот, Бојкоски ќе му дозволи да скокни во базенот, како што рече тој, а за што Бојкоски го нарече Титаник пред да започне предизборната кампања за парламентарните избори.
„Јас го ветив. Мислам дека достоинствено е јас да го отворам“ вели тој.
На првата седница по изборите, тој јавно и од говорницата му честиташе на ВМРО ДПМНЕ и на сите кои станаа пратеници.












