ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО БУЏЕТОТ СИ ПРАВИ СВОЈА СОПСТВЕНА ИГРА

Денеска пред советниците се најде кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во првиот квартал од 2024 година.

Тој не помина оти 13 советници беа „за“, против беа четворица советници, СДСМ гласаше воздржано, освен советникот Корлевски кој беше против.

Корлевски вели дека воздржаното гласање е немање став и додава дека неможе да немате став за квартален извештај еден од најбитните документи.

Неговиот сопартиец пак, Илиевски пред седницата категоричен дека нема да дадат зелено светло за кварталниот извештај, но не кажа дали тоа ќе го направат со гласање против или воздржано.

За процентот на реализација вели дека е математичка игра, а колку е тој процент не знаеше.

„Имаме сериозни забелешки кои ќе ги искажиме на самата седница“ рече Илиевски.

Побаравме да ни каже барем една причина.

„Сметаме дека советот работи по едни принципи, советот има зафатено други принципи за работа, а градоначалникот си прави сепак своја сопствена игра“ одговори тој.

На прашањето за тоа колку е реализацијата на приходите Иливески вели дека тоа е добра математичка игра, секогаш се прикажувало нешто повеќе и го прашавме како бројка колку е во проценти.

„Не знам точно“ одговори советникот Илиевски.

За ВМРО ДПМНЕ, како што рече советникот Бојан Бојкоски реализацијата на буџетот во овој квартал од 26,98 проценти е рекорд како никогаш досега.

„И навистина има една рекордна и невидена реализација до сега Општина Битола. Тоа го гледаат и граѓаните и во изминатиот период како се работи на повеќе локации во градот. Капиталните проекти кои што ги најавивме веќе се отпочнати да се реализираат, а бевте сведоци дека отпочна и изградбата на противпожарниот дом во старата касарна и останати други објекти кои што ги ветивме во програмата во 2021 година, согласно предвидената динамика и сите оние потребни законски процедури ние како општинска власт, преоктите ќе ги претвориме во реалност за граѓаните, бидејќи ние ја добивме довербата од нив“ вели Бојкоски.

Денешниот почеток на седницата доцнеше речиси еден час. За медиумите интересно беше заедничкото пристигнување на главните во советничките групи на двете најголеми партии Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ и Методија Илиевски од СДСМ. За доцнењето и за заедничкото пристигнување го прашавме Илиевски.

„Мислам дека академски е дестина минути да се доцни, така да во глобала кога седниците ни започнуваат во 10:00 часот, денеска започнуваме малку порано, од објективни причини во 9:00 часот, така да горе-долу сите сме тука на број за брзо ќе започнеме“ вели Илиевски.

На оној на кој му кажа дека се обидува насила да носи одлуки, сега заедно влегува во советот.

„Нема врска, политиката е една ствар, почитта кон колегите е нешто друго. Јас имам коректен однос и на седница и после седница со сите колеги“ вели советникот од СДСМ.

Зошто се доцнеше го прашавме и Бојкоски. Не го искоментира нашето прашање за заедничкото пристигнување со неговиот политички противник Илиевски.

„Втора седница после предвремени парламентарни избори, јас секогаш доаѓам на време и мислам дека другите кои што каснеа треба нив да им го поставите тоа прашање. Јас сум стално редовен тука“ вели Бојкоски.

Рековме добро иако и тој доцнеше барем во салата каде што беше закажана седницата.

Дали се помирија со Илиевски го прашавме Бојкоски по неговата изјава дека не може да се решава паркинг простор на начин на кој тоа насила го предлага Бојкоски, иако името не му го спомна.

„Апсолутно не е насила. Ние сакавме да изнајдеме една законска можност“ рече Бојкоски.