ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ДА ПРОДОЛЖИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО КОН ПОДОБРА ИДНИНА

Денеска започна изборната кампања за парламентарните избори. Преку фејзбук статус се огласи и Методија Илиевски, кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата во петтата изборна единица.

„Ја барам вашата поддршка на Парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај за да продолжиме, сите заедно, кон подобра иднина.

Во текот на целиот мој живот и во досегашната работа, сум докажал дека имам волја, знаење, храброст да бидам предводник на позитивни промени во моето место на живеење.

Со чист образ, без ниту една дамка во моето досегашно работење, ветувам уште посилна борба за интересите на Битола и битолчани во македонското Собрание.

Заедно, да се избориме за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места Да обезбедиме правда и грижа за сите, да создадеме европски квалитет на живот, безбедност, мир и стабилност, да станеме членка на Европската Унија, за да оставиме држава за младите. Тука се нашите семејства, тука се нашите деца Сите заслужуваме подобро да живееме“ напиша Илиевски.