Комисијата за јавни и комунални дејности на Советот на Општина Битола, минатиот петок одржа седница со една точка на дневен ред, а тоа како што соопшти претседавачот со комисијата Бојкоски, е иницијативата за отпочнување на постапка за нова програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Битола.
Се работи за изнаоѓање на решение со затворените делови на кафичите, особено на Широк сокак во зимската сезона, а за кои во јавноста има поделени мислења околу тоа како тоа изгледа на улицата која е споменик на културата и дел од старото градско јадро, а законот во тој дел е ригорозен за било какви интервенции.
За традицијата од минатото и сегашноста зборуваше и советникот од СДСМ.
„Значи сакам да се надоврзам, особено на последната дискусија на господинот Марио, значи дефинитивно кафето и цигарата се традиција во Битола, пред се од турско време па до денес, час и чест на сите институции во нашата земја, меѓутоа мора тука да се потсетиме дека, пред се се работи за нашиот град, се работи за нашите сограѓани и постојат начини механизми, чак дури и ние тука како Совет во рамките на законите и можностите да поднесиме иницијативи преку пратеници, како советнички групи, за одредени измени во законот“ рече Методија Илиевски.












