Илиевски: За паркинзите ветивме на избори, а сега исполнуваме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Формирањето на Јавното претпријатие за паркинзи и јавен превоз денеска се најде пред советниците. Илиевски од владечакото мнозинство вели дека тоа било нивно предизборно ветување и дошло време да го реализираат.

Опозиционата ВМРО ДПМНЕ рече дека за оваа тема, исто како и минатиот пат нема да учествуваат во расправата, оти чувствувале дека власта ја злоупотребува нивната конструктивност.

Од Поинаку повторија дека на претходната седница не избегале заедно со ВМРО ДПМНЕ, туку дека се иззедоа од гласање. И остануваат на ставот дека ова е задоцнета работа.

Илиевски го прашавме за коментар на вчерашната најава на претседателот на Советот Валенти Груевски дека поевтино паркирање ќе добијат битолчани, кога тренд во големите градови е поскапо паркирање во централното подрачје, за да нема сообраќајна гужва и загадување. Илиевски вели дека сите тиа аспекти ќе бидат разгледани од менаџерскиот тим на претпријатието.

Пред советниците денеска и работењето и финансиските извештаи на јавните претпријатија за 2018 година. Опозицијата имала проблем, односно забележка за сите јавни претпријатија дека не сработиле ништо, дури и дека се во долгови.

Директорот на Водовод  Горан Козаров вели дека бројќите зборуваат нешто друго од она што го кажува опозицијата. Вели дека со добивка ја завршиле ланската гдоина. А ги повика и граѓаните и опозицијата за секоја потребна информација да им се обратат, а тие им стојат на располагање за одговори.

 

Share.