Битолската СДСМ и во делот на кампањата за парламентарните и претседателските избори ги продолжи теренските активности за средби со граѓаните. Кандидатот за пратеник Методија Илиевски со носителот на листата Јован Митрески во текот на вчерашниот ден со активности на повеќе локации.

„Од Вангел Мајорот, преку Коле Лачето, Карпош, Оризари до Острец и околните села разговараме со граѓаните за продолжување на растот на платите, на пензиите, субвенциите… На 8 мај да избереме стабилност и сигурност, наспроти неизвесност“ е пораката на кандидатот за пратеник Илиевски.

„На терен, меѓу граѓаните, секој одлучува за својата судбина, заедно одлучуваме за судбината на Македонија“ потенцира Илиевски.

СДСМ не се откажува, напротив предизвиците го обединуваат и уште повеќе го мобилизираат, вели носителот на листата Митрески.

„Кога иднината е во прашање нема откажување. Нема да дозволиме враќање на режимот и на заробената држава! Демократија има само со силен СДСМ“ истакна носителот на листата на СДСМ за петтата изборна единица.


















