Со ваков текст и повик на 24-април граѓаните да заокружат број 1, вечерва од митингот на Пендаровски во Битола, се огласи кандидатот за пратеник Методија Илиевски.

На митингот присуствуваше и коносителката на листата Бисера Костадиновска-Стојчевсака и целото партиско раководство на битолската СДСМ, како и потпретседателот на партијата Стефан Богоев и коалиционите партнери на СДСМ.

Со својата порака се огласи и носителот на листата на СДСМ и Коалицијата во петтата изборна единица, Јован Митрески.

„Одлучен, чесен, европски – тоа е нашиот претседател Стево Пендаровски. Голема е поддршката за Пендаровски и овде во Битола, но и во цела Македонија. На 24 април масовно заокружуваме број 1! Нашата иднина е во ЕУ, затоа продолжуваме со интеграција и развој. Нема откажување од иднината!“ вели Митрески.

„И на дожд ја браниме слободата, на 24-ти април заокружи 1 за европска Македонија“ е пораката на битолската СДСМ.












