Илиоски второпласиран на мотокрос трка во Романија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот мотокрос возач Христијан Илиоски со нов подиум се врати од трка во Источноевропскиот шампионат, откако во Романија беше второпласиран во трка во која максимално се бореше за победата.

„Имав лош пад во Грција на претходната трка и собрав сили по падот и го средив моторот за да настапам на оваа трка во Романија. Практично без тренинг отпатував во Романија и задоволен сум со второто место. Работам да ја вратам формата, но тоа воопшто не е лесно во овие услови“, рече Илиоски.

Младиот битолчанец веќе еднаш беше меѓу најдобрите на Источноевропскиот шампионат, откако ја освои вицешампионската титула пред две години.

Share.