Илјадници Словаци протестираат против корупцијата и премиерот

0
422

Најмалку десет илјади луѓе се собраа во петок вечер на плоштадот во Братислава на протест против корупцијата и бараат оставка на премиерот Роберт Фицо, чиј унгарски колега во Будимпешта изјави дека настаните во Словачка го носат потписот на Џорџ Сорос.

Протестот е организиран по убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак минатиот месец, што предизвика шок во Словачка и во странство.

Кучијак и неговата свршеничка се убиени со огнено оружје. Тој ги испитувал случаите на политичка корупција и наводната вмешаност на италијанската мафија во проектите финансирани со средства на ЕУ во Словачка.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои бараа „Оставки, ве молиме“ и поагресивните предупредија „Фицо спие со мафијата“.

www.mkd.mk