Имаме добар договор на маса, за жал некои инсистираат на играње игри

0
427

Грчката Влада реагираше на соопштението од македонското МНР дека не треба да се брза со договорот за името, бидејќи квалитетот на решението е поважен од тоа во кој рок ќе се финализира процесот.

„Имаме добар договор на масата, кој, како што рече премиерот на ПЈРМ, мора да се затвори многу наскоро. За жал, некои инсистираат на играње игри “, рече грчки владин функцонер, објави Независен.мк.

Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, информираа од Министерството за надворешни работи во Македонија.