„Има напредок во преговорите за името“

0
621

По 25 години преговорите за името се придвижуваат чекор понапред – грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас го информирал  премиерот Ципрас за посетата на Македонија. Официјална Атина смета дека има напредок во преговорите – разговорите во Скопје поминале во добра клима, но останува разликата околу Уставот.

„Грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“, пишуваат грчките медиуми. Средбата во премиерската палата меѓу Ципрас и Коѕиас не била најавена ниту од премиерскиот кабинет, ниту од грчкото МНР.