Името треба да се реши, но притисок во преговорите не е многу од корист

0
244

Проблемот со името треба да се реши, но мислам дека притисок во преговорите не е многу од корист. Впечаток е дека по подолго време, за првпат двете страни имаат интерес за решавање на ова прашање и тоа е добар предуслов, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран заев во Берлин.

„Јавните изјави може да штетат и им верувам на двете страни дека ќе бидат внимателни.

Компромисите се секогаш болни и тука треба да се најде патот до решение. Тоа е дипломатска уметност и не треба за тоа да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати“, рече Меркел.

mkd.mk