Индискиот сој е 40% позаразен од британскиот

„Делта варијантата на коронавирусот се чини дека е околу 40% позаразна од сојот за прв пат регистриран во Велика Британија”, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој додаде дека поради тоа, сè уште е можно да се одложи понатамошното укинување на мерките во Англија планирано за 21 јуни. Одлуката за укинување на мерките треба да биде донесена кон крајот на оваа недела, пишува Гардијан.

Научниците претходно проценуваа дека варијантата делта, првпат идентификувана во Индија и позната како индиски сој, може да биде помеѓу 30% и 100% позаразна од т.н. алфа варијанта (т.н. британски сој). Но, Ханкок, на прашањето за најновите информации за сојот на вирусот, рече дека се работи за 40%.

„Ова значи дека поради варијантата делта сега е потешко да се контролира вирусот. Но, најважно е дека по две дози вакцина сме заштитени скоро како и против претходниот сој. Значи, добрата вест е дека вакцината е сè уште подеднакво ефективна“, рече Ханкок.

mkd.mk

Сподели