ТЕРА

REKLAMA???

ИНСТАЛАЦИЈАТА КРЕШЕНДО ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА БИТОЛЧАНИ

„ Помеѓу небото и Нас, постои еден тенок, невидлив слој, во кој е наталожен небесниот очај, како невидлива скрама и нашата безсмислена надеж, подигната како лесна патина во испарување.Тоа е линијата помеѓу Него и нас, тоа е здивот на нашата вечно невозвратена љубов. 

Тука е собрано сèвкупното паметење на човештвото и небото, кое нежно трепери над вечниот океански залез и кое еден ден засекогаш ќе нè напушти, на крајот од сè, фатаморгана, носејќи ја „пораката“ за она што некогаш некаде било или можеби никогаш вистински и не било, а само опстојувало, како мал, краткотраен сон, на некој напушен заборавен, свет, измислен од уморни и осамени божества“, вели графичарот Владо Ѓоревски, а кон инсталацијата „Крешендо“ која беше поставена на плоштадот „Магнолија“ во Битола  од 22-ри до 25 ти август.

Инсталацијата „Крешендо“ е заеднички мултимедијален проект на графичарот Владо Ѓорески, вајарот Владимир Симоновски и музичарот Александар Гулевски. Во рамките на инсталацијата на секои два часа се вклучуваше авторска музика со исто име „Крешендо“, компонирана наменски за оваа пригода, која се слуша на целиот плоштад и така дава целосна слика за идејата на изложбата, а дело на музичарот Александар Гулевски.

Уметничката инсталација „Крешендо“ беше темпорален мултимедијален проект, во кој се синтетизирани вајарството, графиката и музиката. Проектот бешее замислен како директно присуство на уметноста во центарот на градот. Неговата цел е да оствари директна интеракција со минувачите на определена локација.

„Крешендо“ го акцентираше креативниот импулс на Битола, со помош на светлосен, ликовен, музички и скулпторски израз и да биде еден вид мисловна временска машина, потсетник на нашето битисување овде и сега и копнеж по духовното.

Снимки со дрон Агим Џело.