Кампањата ,,Ние сме Европа” продолжува во Битола. Денеска од 18:00 часот на отворената трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Актуел на Тера телевизија рече дека очекува добра дебата и во Битола, а ќе се дискутира за европските вредности, за придобивките и можностите што ни ги нуди ЕУ членството.
Во интервјуто со него разговаравме и за тоа кога уставните измени ќе се гласаат во Собранието и за ставот на опозицијата по ова прашање.












