Вели дека се политичко движење, а не партија, немаат членствио и не се како другите политички партии во Македонија, дека нивната цел е да го поттикнат народот да се разбуди, да му покажат дека ова што не лажат 30 години дека не може да биде подобро во Македонија, дека не е така, вели во интервју за Тера телевизија, Горан Тасковски, претседател на Македонска Ера Трета.
„Тоа е една голема лага која ја промораат и едните и другите и третите, за народот да ги следи нивните политики дека доколку не сме ние не може ништо подобро да биде. Ние не функционираме класично како политичка партија. По статут ги имаме сите тела кои се бараат за регистрација, но тие тела се наменети да покажеме дека ние функционураме на друг начин, дека ние сме до народот, дека ние сакаме да го слушнеме народот, сакаме да направиме тела кои ќе придонесат за Македонија и македонскиот народ, никако не е борбата за власт, ниту ни требаат кабинети. Другите велат дека ние имаат големо членство, а на терен не е така, гледаме колку луѓе имаат“ вели Тасковски.
Со него разговараме и за учеството на последните локалните избори за градоначалник во 2021 година.
Во денешното интервју зборуваме и за промовирањето на акциониот план за Македонија.
„Ние имаме две паралели што ги водиме заедно. Едната е македонските народни и национални интереси, а другиот е економијата. Значи тие две работи мора да одат заедно ако сакаме да имаме држава за почитување. Бидејќи едното без друго не можи. Ако ги имаш интересите и само интересите, народот што ќе јаде, ако ги имаш само еконимијата и правиш добри работи, кое е народот, за што ние постоиме тука. Значи ние ги водиме тие две работи паралелно“ вели тој.