Интернационален ден на џезот во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

МКЦ – Битола по шести пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април со организирање на концерт на Беличанска Kвинтет во понеделник 30-ти април 2018 година, во кафе бар Камарите во Битола, со почеток во 22.00 часот.

Овој концерт по шести пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира.

Беличанска Квинтет е состав од искусни и докажани музичари од нашата џез сцена кој веќе 10-тина години е активен. Зад себе имаат многу настапи, концерти и фестивали во земјата и странство. Негува повеќе стилови почнувајќи од џез стандарди кои се изведени во нивни аранжмани, латин џез, фанк, соул, како и своја авторска музика.

Јасмина Беличанска – вокал
Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон
Горан Димитровски – бас гитара
Ристо Крстевски – клавијатури
Зоран (Озо) Ристевски – тапани

Share.