Интимен театар гостува на Лица без маски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Минатогодишната добитничка на наградата за Најдобра режија, Софија Ристевска Стефанова, годинава повторно на „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“,
со последната претстава од нејзината продукција „Три прави, три опачни“.
Станува збор за сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам.
Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во оваа претстава.
Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми.
Актерот Никола Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, кои самостојно се справуваат со битката за опстанок и кои самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува окулу нас. „Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот и што упорно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.
Во претставата играат Јасмина Петровска и актерот Никола Пројчевски, кој воедно е и автор на текстот.

Share.