ТЕРА

REKLAMA???

ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРЕМЕСТЕНО ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ЗАРАДИ ЗАШТЕТА НА СТРУЈА

Заради заштеда на електрична енергија Инфективното одделение при Клиничката болница во Битола е преместено во Модуларната болница, вели директорот на Клиничката болница во Битола Др.Александар Обедниковски. Тој ги отфрли гласините дека зградата ќе се продава и додаде дека се собираат средства од Комората на Југозападна Македонија да се реновира.

„Инфективното одделение при Клиничката болница е преместено во Модуларната болница , заедно со Микробиолошкото одделение, поради тоа што имаме најава и се собираат средства од Комората на Југозападна Македонија за да го реновираат Инфективното одделение и затоа е затворено. Дополнително имаме барање од Министерството за здравство да намалиме за трошоците за електричната енергија и греењето, поради тоа е затворивме цела зграда, за да можиме да ја опслужиме оваа зграда тука. Досега скоро 20% се намали трошокот на струја и нафта“, рече директорот Др Александар Обедниковски.