ИН МЕМОРИУМ: Почина поранешниот фудбалски судија Крсте Крстевски-Крцул

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола, на 79-годишна возраст по долго боледување, почина, Крсте Крстевски-Крцул, познат поранешен фудбалски и ракометен судија, фудбалски делегат и сестран спортист. Крстевски важи за еден од најдобрите спортисти во Битола и култна личност со која се поистоветуваа многу генерации.

Kрстевски им судел натпревари на големите Партизан, Црвена Звезда, Динамо и Хајдук, а по завршувањето на судиската кариера,стана фудбалски делегат. Неговата судиска кариера ја продолжи неговиот син Љупчо Крстевски, кој стигна до меѓународен судиски судија – еден од најдобрите во македонската историја.

 

Share.