Ирак осуди џихадистка од Германија на смрт со бесење

0
344

Германка која се придружила на ИСИС е осудена на смрт во Ирак во неделата и со тоа стана првата странска државјанка на која ѝ е одредена смртна казна во таа држава.

Неименуваната жена од мароканско потекло е осудена на смрт со бесење поради пружање логистичка поддршка на милитантите и учество во напади врз безбедносните сили, изјави портпаролот на ирачкиот Врховен судски совет во Багдад Абдул Ситар ал Биркдар.

Обинетата може да се жали на пресудата во рок од 30 дена. Германија сѐ уште не го коментирала случајот, но претходно го повикуваше Ирак да ја укине смртната казна.

Ал Биркдар кажа дека обвинетата признала дека отпатувала од Германија во Сирија, каде се придружила на ИСИС со двете свои ќерки кои се венчале со џихадисти. Таа била уапсена минатата година при операцијата за ослободување на Мосул од исламистите.

Осудената жена е една од најмалку четири германски џихадистки уапсени во Ирак, вклучувајќи ја Линда Венцел, тинејџерка од Дрезден која беше фатена во Мосул во јули. Германските безбедносни служби проценуваат дека околу 950 германски државјани ја напуштиле државата за да се придружат на Исламска држава, а една петтина се жени.

мкд.мк