Иран ја укинува забраната за „Инстаграм“ и „Телеграм“

0
232

Иранските власти за два дена ќе ја укинат забраната за користење на социјалните мрежи „Телеграм“ и „Инстаграм“, што беше воведена привремено за време на антивладините протести, изјави пратеникот Алиреза Рахими.

Протестите траат веќе седми ден, а почнаа во вториот по големина ирански град Машад, првично против зголемување на цените во земјата, по што набрзо станаа антивладини и се проширија и во други градови.

Во судири со полицијата загинаа најмалку 20 луѓе, а повеќе од 450 демонстранти се приведени.