Ирачанец призна дека силувал и убил 14 годишно девојче во Германија

0
714

Полицијата во Багдад соопшти дека денеска 20 годишниот Ирачанец Али Башар, обвинет за силување и убиство на 14 годишното девојче Сузан Фелдман во Германија ја признал вината.

Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер кажа дека во петокот курдските безбедносни сили го уапсиле обвинетиот Башар, кого го индетификувале германските безбедносни сили.

Башар би требало денеска да биде предаден во Германија. Фелдман е пронајдена мртва во средата во шума покрај Визбаден недалеку од центарот за бегалци каде обвинетиот наводно живее, соопшти германската полиција.

Со обдукцијата е утврдено дека девојката била жртва на сексуален напад.