Ирците изгласаа легализирање на абортусот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ирските граѓани изгласаа либерализација на еден од најстрогите закони во светот во однос на абортусот, покажаа резултатите од излезните анкети по референдумот во земјата.

Според податоците на ирската агенција за истражување на пазарот Ипсос МРБИ, повеќе од две третини од граѓаните  гласале за легализација на абортусот.

Министерот за правда, Чарли Фланаган, ги опиша овие резултати како „уште еден голем чекор кон излегување од мрачното минато“.

Забраната на абортусот во таа земја беше делумно укината во 2013 година, и тоа само во случаите кога животот на мајката е загрозен.

 

Share.