Исклучени од партијата пратениците кои гласаа „За“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците кои вечерва гласаа за уставните измени, Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмалјовска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ.

Лидерот на партијата Мицкоски на прес конференцијата  ги прочита имињата на седумте пратеници и рече дека сега тие ќе мора да живеат со овој срам.

Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија , рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени.

Мицкоски рече дека биле ветувани пари на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ , дека било нудено ослободување од обвиненијата.

„Не можам да ги оправдам и не можам да ја разберам нивната постапка. Не одбираме кога и каде ќе живееме. Но одбираме како ќе живееме. Обврската спрема граѓаните е поважна од каков било притисок. Треба да се биде свесен дека има пратеници кои исто како тие што гласаа „за“ беа опфатени од политички прогон и гласаа согласно партискиот став. Оние седум пратеници кои постапија спротивно на партискиот став и против волјата на граѓаните, а беше став на ИК и ЦК, ме разочараа мене. Но тоа не е важно. Ја разочараа татковината, партијата“ рече Мицкоски.

„Ова е силување на процедурите, срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам на државата. Таа е во тешка ситуација поради ваквата власт. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од членството во ЕУ и НАТО. Најголемиот непријател на европските вредности е Зоран Заев. Договорот е параван за криминалот што не престанува. Затоа со кршење на демократијата го направија ова. Имам обврска да се спротивставам на ова. Не се откажувам од избори на кои сигурно ќе победиме, а Заев ќе ја добие заслужената казна“ рече Мицкоски.

Share.