Исламска држава презеде одговорност за нападот во Дагестан

0
226

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за престрелката во руската јужна Реублика Дагестан, во која вчера беа убиени пет лица.

Четири лица се убиени, а петмина се повредени во дагестанскиот град Кизпјар,откако 22-годишен жител отвори оган луѓе кои биле на служба во Црква, по што бил ликвидиран.

Според западни агенции, бројот на убиени е пет лица, за повредени се неколкумина.

Според дел од медиумите, напаѓачот почнал да пука внатре во црква, а според други – излегувајќи од храмот. Меѓу повредените се и полицајци и припадници на Национална гарда.

Кај напаѓачот, чиј идентитет е утврден, пронајдени се нож, патрони и ловечка пушка.