Исплатена и втората рата од кредитот на Општина Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка.

Со оваа исплата, како што стои во соопштението од општината,  за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра.
Кредитот, со кој што претходната локална самоуправа и тогашниот градоначалник ја задолжија општината, а со тоа и граѓаните, е во износ од 155.883.097 денари, односно над 2,5 милиони евра, а бил земен за инфраструктура во поранешната касарна.  Тоа значи дека граѓаните на Општина Битола во наредните 10 години, ќе треба да го враќаат кредитот од Светска банка, велат од општината.

Share.