Исплатени 22 милиони евра субвенции за тутунарите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Министерството за финансии на сметките на тутунарите денеска се исплатени 22 милиони евра субвенции за реколтата од 2017 година.

Ова го соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при посетата на село Ивањевци, општина Могила додавајќи дека тоа е над 80 проценти од вкупниот износ што ќе биде исплатен за тутунарите.

– Останува уште помал износ од 20 проценти кој ќе биде исплатен по завршените контроли. Продолжуваме со политиката на неселективна исплата на субвенции во еден ден за сите тутунари. Продолжуваме со политиката на навремени субвенции со исплата на парите и враќање на парите назад кон граѓаните тогаш кога им се потребни за да инвестираат во новата реколта- истакна министерот.

Тој истакна дека оваа година тутунарите добија зголемени субвенции на три нивоа и тоа првото ниво за првата класа тутун од 80 денари по килограм, за второто ниво – втора класа по 70 денари за килограм и третото ниво за трета, четврта и дополнителни класи од 60 денари.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски истакна дека Агенцијата ќе го запази законскиот рок до 30 јуни да бидат исплатени сите субвенции од Програмата 2017 и на тој начин првпат че биде испочитуван Законот за исплата на сите субвенции заклучно со 30 јуни во календарската година.

Share.