Исправена грешката на раскрсницата кај „Ловец“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По вчерашната информација на ТЕРА ТВ а по реакција на наши гледачи за поставената хоризонтална сигнализација на ул. „Партизанска“ кај „Ловец“ во правец на Ракометното игралиште синоќа веднаш беше отстранета.  Од Општина Битола рекоа дека веднаш по реакцијата од страна на граѓаните изведувачот на работите излегол на терен за да ја поправи настаната грешка.

Како што веќе објавивме таму беше обележано дека можете да се движите право и десно, но не и лево како што беше во минатото.

Настана збунувачка ситуација, оти децении наназад граѓаните кои ја користат оваа сообраќајница вртеле и лево во правец на Техничкиот факултет.

Денешната ситуација е иста како порано, без знак за право и десно што се совпаѓа со фотографиите од Google во минатото на кои што се гледа дека тука на ова место нема никаква хоризонтална сигнализација.

 

Share.