Испрашани 200 сведоци за труењето на екс Рускиот шпион во Британија

0
203

Британската полиција идентификувала повеќе од 200 очевидци и 240 докази во истрагата за нападот за кој тврди дека е изведен со нервен агенс врз поранешен руски агент и неговата ќерка, објави во саботата министерката за внатрешни работи Абер Рад.

Поранешниот резервен полковник на руското воено разузнавање кој бил врбуван за британското разузнавање MI6 поради што во 2010 година е осуден за предавство, 6-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија од неделата се во болница во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Салсибери на југот од Англија.

„Досега, нема причина да се сомневаме дека постои ризик за здравјето на некој кој бил во пицата, додека Сергеј и Џулија Скрипал биле таму“, изјавила полицијата.