Истекува мандатот на Богов

0
211

Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истекува на 21 мај годинава. Засега нема предлог кој ќе го наследи, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години.

– Изборот на гувернер на НБРМ на Република Македонија е предвидено согласно Закон за НБРМ и ќе се спроведе согласно досегашната праска, а тоа значи дека од осамостојувањето не се случило да нема гувернер на Народната банка на Република Македонија, истакнуваат од Кабинетот на претседателот на РМ.

Димитар Богов е избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија во март 2011 година, а на функцијата стапи на 21 мај 2011 година, од кога и започна неговиот мандат.