Историски самит на лидерите на двете Кореи

0
144

Лидерите на Северна и на Јужна Кореја се состанаа во пограничното место Панмунџом и заедно зачекорија на двете страни од границата. Очекувањата од историската средба се големи.Кум Јонг Ун стори нешто што на неговите татко и дедо не им паѓаше на памет- зачекори на територијата на Јужна Кореја.

Тој е прв севернокорејски лидер, кој го сторил тоа по крајот на војната пред 65 години. Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, држејќи се за раце, преминаа на двете страни од границата во местото Панмунџом, кое е познато како редовно одредише за контакти меѓу претставниците на двете Кореи.

Ким истакна дека е „исполнет со емоции“: „Сега почнува нова ера, ера на мирот“. Претседателот Мун пак рече дека Панмунџом сега станал „симбол на мирот, а не на поделбата“. Телевизиските снимки од средбата покажуваат посебно срдечно ракување меѓу двајцата лидери, држење за раце и широки насмевки.

dw.com