Исцелител ги освојува светските филмски фестивали

0
316

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е избран во официјална селекција на „Косморама“ во Трондхајм. По норвешката премиера на филмот во јануари на фестивалот во Тромсе, ова е негово второ прикажување во оваа земја.

„Исцелител“  има три прикажувања за време на фестивалот, на 5-ти, 9-ти и 11-ти март.

Филмот е во програмата „Скроблик“ заедно со добитникот на бројни награди, англиско-францускиот хит „Смртта на Сталин“ на Армандо Ианучи и со наградениот филм на филмскиот фестивал во Филаделфија, колумбискиот „Лошата среќна коза“, на Самир Оливерос и други.
Филмсикот фестивал Косморама постои од 2005 година и во изминатите години го завзема местото на еден од најголемите и најактуелни филмски настани во Норвешка. На Косморама досега присуствувале Лив Улман, Александдар Пејн и други значајни имиња од филмската уметност. Во рамките на фестивалот се одржуваат и филмски маркет и форум.
Вчудовиден од тоа колку се пропаднати рационалните и здрави вредности, кога луѓето ја загубиле довербата во медицината, дури и во теоријата на еволуцијата, и повеќе им веруваат на исцелители и теории на заговори, во исто време пропаѓајќи во сиромаштија, го поттикнало младиот режисер Ѓорче Ставрески да ја напише и пренесе на филм приказната за својот прв долгометражен игран филм-Исцелител, кој премиерно беше прикажан во Битола.

Сценариото почнал да го пишува во 2010 година и тоа се развивало речиси седум години. Почнал да ја пишува како драма, но потоа ја направил во жанрот што го сака – црна комедија.

Филмот „Исцелител“ досега освои повеќе награди и признанија, меѓу кои позначајни се главната награда на публиката на Солунскиот филмски фестивал и наградата за најдобар меѓународен филм на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија. Исто така, филмот доби и „Златна бубамара“, а на истиот настан главниот актер Благој Веселинов беше прогласен за „актерско откритие на годината“.