Исчезна патнички авион веднаш по полетувањето од Москва

0
611

Авион на компанијата „Саратов ерлајнс“ со 65 патници и шест члена на екипажот исчезна од радарот кратко време по полетувањето од аеродромот Москва Демодедово.

Се работи за Антонов Ан-148, рекол извор од службата за итни случаи, за Раша тудеј.

Авионот летал на линијата Москва-Орск кога исчезнал, објави Би-би-си.

Руската служба за итни случаи изјави дека ги испитува информациите што ги објавија некои медиуми, дека авионот се урнал во близина на Москва, кај селото Аргуново, и дека има „мали шанси“ да има преживеани.

„Авионот се урна кај Аргуново“, рекол извор за агенцијата Интерфакс. „Екипажот и патниците немаа никакви шанси.“

mkd.mk