Италијаните со петиција сакаат да зачуваат остров близу Сардинија да остане природен

Италијанецот Мауро Моранди кој е стар 81 година е различен од другите луѓе по тоа што живее сам на напуштениот остров Будели близу Сардинија веќе 32 години.

Но проблемот не е во тоа што овој човек кого не случајно го нарекуваат Робинзон Крусо повеќе од три децении живее сам, туку тоа што сега тој мора да се врати во цивилизацијата затоа што италијанските власти сакаат да го претворат островот во образовен центар.

Моранди, родум од Модена, во централна Италија, завршил на островот Будели во 1989 година, кога неговиот катамаран се насукал тука поради дефект.

Од тогаш се вселил во напуштено засолниште од Втора светска војна и со години се грижел за екосистемот на островот.

Прочитајте и: Италијанска пица сега може да се купи и од автомат


Сите овие години јадел тоа што го ловел и што му носеле посетителите, и вели дека ништо не му недостасувало.

Илјадници корисници на социјални мрежи во Италија потпишаа петиција за да му дозволат на Мауро Моранди да остане на Буделија. Граѓаните се убедени дека властите ќе го уништат островот, кој Моранди го чува 32 години, и сметаат дека треба да му се дозволи да продолжи да ја извршува „својата работа“.

Сподели