Италија избори: Историски успех на популистите и екстремната десница

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Историски успех на анти-систем партиите, популистите, евро-скептиците и екстремната десница вчера  на изборите во Италија.

Италијанското “Движење 5 ѕвезди” на Луиџи ди Мајо води на изборите во Италија со вкупно 32 отсто од гласовите на италијанските гласачи. Со ова партијата стана прва по број на гласови во Италија. “Отсега сите ќе мораат да седнат на маса со нас”, радосно изјави Алесандро Ди Батиста. Кампањата на партијата беше фокусирана против корупцијата и “кастата” на политичарите.

А коалицијата составена од Форца Италиа на Силвио Берлускони, екстремната Лига на Матео Салвини и малата партија Браќата Италијани освоија 37 отсто гласови според првите резултати на избројани две третини од гласовите. Но во оваа коалиција најлошо помина самиот Берлускони,  кој во ЕУ беше виден како  што ќе ја спаси Италија од екстремистите и популистите, ја загуби оваа битка со одвај 17 отсто гласови.

Есктремистите од Лигата водеа кампањата против имиграцијата и со слогани “Прво Италијаните” по примерот на Доналд Трамп а таа беше полна со насилни инциденти и говори против ЕУ и Брисел.

Сепак, никој не освои мнозинство во парламентот и формирањето на новата влада се чини невозможно.

Демократската партија на екс премиерот Матео Ренци ги загуби изборите и го доби најлошиот резултат со помалку 20 отсто, половина од резултатот освоен на европските избори во 2014 година.

Како што се добројуваат резултатите станува се појасно дека никој нема јасно мнозинство во парламентот и тоа води во долги преговори помеѓу партиите.

Можна е алијанса помеѓу “Движењето 5 ѕвезди” и екстремната Лига но досега лидерите на овие две партии одбиваа, барем досега, можност за соработка. Според италијанскиот весник Ла Стампа овие две партии нема да се договорат за влада.

Сега топката е во рацете на претседателот на Италија Серџо Матарела кој треба да додели мандат на лидерот што ќе успее на состави парламентарно мнозинство. Но тоа најверојатно ќе трае долго со што се отвора  период на политичка нестабилност во Италија.

novatv.mk

Share.