Итен апел за донирање на конвалесцентна плазма

Регионалниот центар за трансфузиона медицина-Битола ги повикува сите здрави битолчани кои прележале Ковид 19 и се чувстуваат здравствено добро и не примаат хронична терапија, да ја изразат својата хуманост дарувајќи конвалесцентна плазма во просториите на РЦТМ – Битола (Трансфузија).

Тоа можат да го направат секој работен ден од 08:00 до 13:00 часот.

Со тоа им помагаат на своите сограѓани кои се хоспитализирани и се лекуваат од Ковид 19. Заедно да ја покажеме хуманоста на дело, стои во апелот.

Сподели