Итен телефонски разговор меѓу Атина и Анкара за ситуацијата во Егејското море

0
395

Грција и Турција изнесуваат различни ставови во врска со инцидентот од понеделникот вечерта нешто пред полноќ, кога се судрија турски и грчки брод во близина на ненаселениот остров Имија/Кардак.

Министерството за надворешни работи на Турција тврди дека инцидентот го предизвикал грчкиот брод, додека Атина обвинува дека турскиот брод удрил во грчкиот.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за инцидентот телефонски разговараа и премиерите на двете земји.

Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас и Јилдирим разговарале за „турската провокација“, додека турските го тврдат спротивното, оти Грција ја провоцира Турција. До разговорот дошло по барање на Анкара при што, според грчките медиуми, Ципрас остро укажал дека ситуацијата кај островите Имија кои Турција ги нарекува Кардак, претставуваат директно поткпување на турско грчките и турско европските односи. Инцидентот почнал во понеделникот кога турски патролен брод се обидел да истера еден грчки брод.