Ифтар вечера во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како и секоја година така и оваа Ифтар во Битола, овој пат на паркингот пред спортската сала “Младост“.Молитвата кон Аллах  го означи стартот на рамазанскиот Ифтар.  Освен верници од Битола, имаше гости од општина Бајрам Паша од Турција, која заедно со битолското муфтиство традиционално секоја година го организира Ифтарот.

Присутните ги поздрави и градоначалничката на Битола, која го доби и традиционалниот подарок, симбол на ифтарската вечера од организаторот.Покрај Петровска на ифтарската вечера беше и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски и координаторот на советничката група на СДСМ во Советот, Методија Илиевски.

На ифтарот присутна беше  и телевизијата Тек Румели од Истанбул која заедно со општината Бајрам Паша беа во обиколка на повеќе градови на Балканот каде се организира Ифтар при што преку телевизиски пренос ја пренесуваа атмосферата до нивните гледачи.Од Битола конвојот продолжи за Албанија .

 

Share.