ИФФК Браќа Манаки ја доби наградата на ИМАГО во Белград

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Во Белград, во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено му беше врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.

Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди.

Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски – Доре присуствуваа на овој значаен настан за фестивалот и за македонската култура, бидејќи нашиот фестивал е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО.

За Тера телевизија директорката Теодосиевска истакна:

  • Многу сме почестени од оваа награда, затоа што овој фестивал навистина ја заслужува. ИМАГО е присутен на нашиот фестивал и имаме одлична соработка. На конгресот кој го одржавме пред 2 години, тимот на ИМАГО ја увидоа значајноста на ИФФК Браќа Манаки. Оваа награда е за сите нас, за фестивалот, за Битола, за публиката, за сите оние кои долги години го поддржуваат фестивалот.

На истата свеченост им беа доделни награди на познатиот американски  кинематографер Едвард Лакман, за животно дело, на Рејчел Морисон , кинематограферка од САД  и на оскаровецот Дејвид Стамп за извонредни технички достигнувања.

Церемонијата се одржа во познатата Југословенска кинотека, доделените награди беа од повеќе категории и конкурентски филмови од 53 држави.

На свеченоста настапија и Билја Крстиќ и групата Бистиќ, кои помеѓу останатите песни ја изведоа и Јовано Јованке, а манифестацијата ја затвори дувачки оркестар.

Повеќе од изјавите на Теодосиевска и Куновски, во Ритамот на градот.

 

 

 

 

Share.