И Битола опфатена со плановите за централизација на биохемиските лаборатории

0
709

Македонија ќе има централизиран систем на анализи на крвта. Министерството за
здравство на Република Македонија одлучи да се централизираат биохемиските лабораторите во јавното здравство, при што и Битола ќе биде дел од таквиот систем.

Покрај еден центар во Битола, двa од центрите ќе функционираат во Скопје, како и по еден во Тетово, Штип, Охрид, Струмица и во Куманово. Министерот Венко Филипче најави дека со новиот тендер за набавка на реагенси се предвидува да има осум централни лаборатории, во хируршките болници да има мали апарати за итни анализи, а во другите лаборатории што сега постојат само да се зема крв и таа да се испраќа на
анализа во централните лаборатории. Министерството ќе плаќа само за реагенсите,  додека апаратите, сервисирањето и транспортот на крвта ќе треба операторот да ги
обезбеди бесплатно.


Анализите и резултати ќе се испраќаат преку електронски систем од матичните
лекари. Целта е и граѓаните на руралните средини да не патуваат за подетални анализи низ поголемите градови, туку преку матичните лекари
анализите ќе бидат пренесени до најблискиот лабораториски центар.


Од Министерството за здравство посочуваат дека оваа метода се презема од
европски развиени земји и истата треба да овозможи државата да заштеди
огромен износ на средства и да има контрола врз трошоците за тестирање.