И битолчани ќе се натпреваруваат за најопремено возило со „OffRoad“ опрема во сабота

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Здружението „Off Road” од Охрид оганизира џип турнеа со теренски возила кои ќе се движат по некатегоризирани патишта од Општина Кичево до Општина Охрид на 10 февруари оваа година.

„Нашата намера е на современ и атрактивен начин да ја ставиме во функција сета природна убавина и животните текови на овој предел“, велат од здружението.

Збирното место е во ресторанот „Мерак“ во Кичево, а поаѓањето е закажано во 8 часот.

Трасата е долга 68 километри, а ќе проаѓа преку с. Брждани – с.Туриеј – с. Сливово – с. Слатино – с.Оздолени – с. Сошани- с. Велмеј – с. Куратица – а. Косел – Охрид.

Оваа авантура ќе заврши со свечена вечера во ресторанот Белведере. Настанот е од отворен тип, без котизација за учество.

Освен турнеата, во сабота ќе се прогласува и најопремено возило со offroad опрема во Македонија.

На овој собир се регистрирани сите offroad клубови од Македонија меѓу кои и OffRoad клуб Пелистер од Битола.

Share.