И Бугарија воведува ковид-сертификат за влез во затворени простории

Од утре и Бугарија ќе воведе ковид-сертификат за влез во затворени простории, најави денеска министерот за здравство, Стојчо Кацаров.

Ковид-сертификатот значи дека на граѓаните ќе им биде потребен доказ за вакцинација, за прележан ковид или негативен ПЦР-тест. Тој ќе биде неопходен за влез во театри, галерии, трговски центри, хотели, базени, фитнес-центри, спортски сали.

Сертификатите стануваат задолжителни за вработените во домовите за стари лица, центрите за дијализа и болниците во Бугарија.

Правилото за задолжителен сертификат нема да важи за самопослугите, банките и аптеките.

Сподели