И попладнево Битола е под силен ветер, кој на моменти достигнува удари и до 60 км/час. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи и во текот на вечерните часови ќе биде ветровито.
Инаку денеска и во Штип има силен ветер, кој на моменти достигнувал и 100 км/час.
До крајот на денот ќе се задржи умерено до значително облачно со умерен до силен ветер и со повремен дожд пообилен во западниот и северозападниот дел од земјата. Во текот на ноќта од север ќе се прошири северен ветер кој особено ќе засилува долж Повардарието.












